-->
-->
Жан Митрев дал 1 милион евра како гаранција дека нема да побегне од државата
-->
Докторот и сопственик на приватната болница Жан Митрев дал гаранција од 1 милион евра во кеш во Основниот Кривичен суд во Скопје како гаранција дека нема да избега од државата.
Ова го соопшти денеска шефот на скопското обвинителство Гаврил Бубевски.
Митрев е осомничен во истрагата која неодамна ја отвори скопското обвинителство за процедурите на лечење во неговата болница. На лекарот, по барање на обвинителството, претходно му беше одземен и пасошот, токму поради опасност од бегство. За Митрев, има основано сомнение дека сторил кривично дело – Измама од член 247 став 4 во врска со став 1 од Кривичниот законик.
Од Обвинителството појаснуваат дека се очекува истрагата да заврши за околу три месеци, а досега исказ дале околу 80% од пријавените оштетени.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Тема на денот со Изет Меџити, коалиција Вреди
-
Приватните специјализанти ќе работат за празниците, но не се откажуваат од барањата
-
ДСЗИ повторно влезе на Токсикологија
-
Одобрена екстрадицијата на Палевски
-
Распределбата на спортски ваучери ќе седне на обвинителна клупа 12 лица
-
Скопјанец со тешки повреди заврши на КАРИЛ по пад во отворена шахта
-
Сите имаат услови за владина коалиција
-
Ковачевски со критики за ДУИ