Македонија
23. јуни 2023 - 13:06

Жална вест: Почина Кико

Почина Кристијан Коцев-Кико, момчето за кое цела македонска јавност се крена на нозе за да собира донации за негово лекување.

Момчето требаше итно да замине на третман во Турција, но поради влошување на неговата здравствена состојба со неговата ретка болест тоа не се случи. Тој последно се лекуваше во приватна болница во Скопје, каде лекарите се бореа за неговиот живот.