-->
-->
Жална вест: Исчезнатата професорка Снежана Тројачанец пронајдена мртва
-->
Педесет и две годишната професорка на Земјоделскиот факултет во Скопје Снежана Тројачанец е пронајдена почината. Информацијата е споделена на социјалните мрежи во име на синот на Снежана.
Инаку Снежана Тројачанец (52) вчера утрото во 6 часот излегла од семејниот дом и не се вратила дома. Нејзиниот сопруг П.Тројачанец шест часа потоа помош побарал од полицијата.
За нејзиното исчезнување сопругот ги известил полициската службеници во полициската станица во Ѓорче Петров. На полицијата ѝ кажал дека таа излегла од дома и заминала во непознат правец.
Според нејзиниот сопруг, Тројачанец се лекува од депресија и таа последниот месец не излегувала од дома и била на домашно лекување.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Руски воен репортер загина во Украина
-
Претрес во Свети Николе, пронајдена дрога
-
Пожари на диви депонии во Желино и Боговиње
-
Приведен дилер во Охрид, пронајдена дрога
-
Вучиќ-О'Брајан: Различни ставови по прашањата за Косово и Сребреница
-
Шест деца и тројца возрасни загинаа во израелски напад во Рафа
-
Во вторник предизборен молк
-
СПМ поднесе кривична против поранешниот министер за внатрешни работи и други три лица за несовесно работење