Зголемени откупот и продажбата на земјоделски производи
Откупот и продажбата на земјоделски производи во четвртото тримесечје од 2016 година се зголемени за 39,3 проценти во споредба со истиот период од претходната година. Месечната дистрибуција на вредноста на откупот и продажбата на земјоделски производи, пак, покажува пораст во сите три месеци од тримесечјето.
Според податоците на Државниот завод за статистика, кај откупот на земјоделски производи од индивидуалните производители има зголемување за 65,4 проценти, а кај продажбата на земјоделски производи од сопствено производство намалување за 2,9 проценти.
Зголемување на откупот и продажбата на земјоделски производи има кај индустриските, градинарските и фуражните растенија, овошјето, добитокот, живината и јајцата и млечните производи, а намалување кај
житата, грозјето, алкохолните пијалаци, млекото и рибата.
Ново на Сител
-
Сиљановска Давкова: Ова е страшно, никогаш да не се повтори!
-
МЗ: 152 пациенти се хоспитализирани во здравствените установи, 18 се во критична состојба
-
На 14 до 25 години се загинатите во пожарот во Кочани
-
Таравари: Во моментот 118 лица згрижени низ болниците во државата, понудена помош од соседните земји
-
Во моментов нема потреба од вонредно дарување на крв
-
Приведен сопственикот на дискотеката во Кочани, лиценцата на дискотеката била до 24 март
-
Филков: Ова не е само трагедија – ова е аларм што бара одговорност
-
Земјотрес од 3.6 степени со епицентар во Валадово, почувствуван и во Струмица и околината