Свет
14. November 2015 - 9:42

Зголемени безбедностни мерки во Чешка

Чешката полиција ги зголеми безбедностните мерки на претпазливост по терористичките напади во Франција, а попладне ќе се состане претседателството на националниот Советот за безбедност, јави дописникот на МИА од Прага.

Според премиерот Бохуслав Соботка и министерот за внатрешни работи Милан Хованец, локалните безбедносни сили немаат информации дека на Чешка и се закануваат слични напади како во Париз.

Министерството за надворешни работи соопшти дека нема информации дека меѓу жртвите на нападите во Париз има и чешки граѓани.

Како одговор на серијата терористички напади во Париз синоќа, кога загинаа најмалку 126 луѓе, а над 200 луѓе се повредени, чешката полиција, ги зајакнува контролите на трговските центри, меѓународниот аеродром и на француската амбасада.

Во состојба на готовност се и припадниците на криминалната полиција од Канцеларијата за борба против организираниот криминал, во чија надлежност спаѓа и Националниот контактен оддел за тероризам.