Штипски „Исар“ ќе ги намалува загубите на вода со инсталација на СКАДА системот
Штипското ЈП „Исар“ ќе го инсталира системот СКАДА, за да ги намали загубите на вода. Со СКАДА се врши целосна контрола на водоводниот систем, со штоќе се има јасна слика каде завршуваат околу 60% производена, но не фактурирана или ненаплатена вода за пиење.
- Тоа е комплексен систем кој ќе биде поставен на 37 контролни точки. Ќе се изведува компјутерски преку специјален софтвер и ќе може сите тие дефекти и загуби на вода во кои спаѓаат и кражбите, навремено да се детектираат и да се преземат соодветни мерки за да се спречат, изјави Александар Арсовски, директор на ЈП„Исар“- Штип.
Според анализите Исар, по основ на загуби на вода поради старата и дотраена мрежа, но и дивите приклучоци и годишно претшријатието губи околу 2,5 милиони евра.
- Кражбите на вода се проблем со кои постојано се соочуваме. Единствено по дојава на граѓани може да се констатираат и спречат. Но по инсталирањето на системот Скада, тоа ќе може и софтверски да го решиме и ќе бидат сведени на минумум, додаде Арсовски.
Со поставување на водоводната линија 2, Исар ќе го нормализира водоснабдувањето, посебно во повисоките делови од градот, кои во летниот период често остануваат без вода за пиење.
-
Трајан Ристовски
Сите содржини од овој новинар