Зголемена радијација во Крива Паланка, надлежните смируваат!

На сајтот на Европската комисија во делот за набљудување на радиоактивноста од 19 јуни се покажува енормно зголемување на зрачење од гама зраци (гама-зрачење) кај Крива Паланка, што предизвика паника помеѓу граѓаните кои ги забележале мерењата.
Меѓутоа, од Дирекцијата за радијациона сигурност велат дека нема простор за паника бидејќи станува збор за грешка која се покажува на сајтот за мониторинг затоа што се расипала станицата за мерење.
Од Дирекцијата веќе контактирале со Општина Крива Паланка и со Институтот за јавно здравје, кој е задолжен за менаџирање на станиците. Велат дека станицата е веќе извадена и е донесена во Скопје на поправка. За да не се шири паника во се очекува да се огласи и Институтот за јавно здравје од каде веќе излегоа со информации на 20 јуни, дента кога првпат беше забележан лажниот алармот на сајтот на Европската комиија.
– Заради технички неправилности во својата работа, две од мерните станици во Крива Паланка и во Берово се во фаза на поправка. Отчитувањата во кои имаше пикови, не се резултат на реално измерената доза на јонизирачко зрачење. После нивната поправка, ќе следи ново соопштение – наведуваат од Институтот.

Гама зрачење или гама зраци е облик на електромагнетно зрачење со најпродорни фотони, односно со најмали бранови должини во електромагнетниот спектар.
Настануваат при интеракциите на субатомските честички како што се анихилација честичките и античестичките и радиоактивното распаѓање, повеќето зрачења потекнуваат од нуклеарните реакции што се одигруваат во меѓуѕвездената средина во вселената.
Радиоактивните материјали можат да емитуваат гама зраци. Тие навлегуваат длабоко во живите ткива и можат да предизвикаат рак. Како и светлината, и гама зраците се составени од фотони, но кај гама зраците овие фотони имаат исклучително голема енергија.
Заштитата од гама зраците бара големи количини на маса. Тие подобро се апсорбирани од материјали со високи атомски броеви и висока густина, иако ефектот на заштита на масата не е толку голем во однос на вкупната маса по единица површина (односно густината) на патеката на гама зраците. Поради оваа причина, масата на оловото е само до некаде подобра (20-30%) како гама заштита од еднаква маса на друг материјал, како што се алуминиумот, бетонот или почвата; најголемата предност на оловото е неговата густина.
На пример, за да се намали интензитетот на гама зраците за 50% неопходно е олово со дебелина од 1 см, гранитни карпи со дебелина од 4,1 см, бетон со дебелина од 6 см или пакувана почва од 9 см. Сепак, масата на бетонот или од почвата е 20-30% поголема од онаа на оловото со истaтa апсорпциона способност.
Ново на Сител
-

Клековски: ПЕТ-скенот не е расипан, проблем е циклотронот, се прави сè што е можно побрзо да се набават суровини за него
-

Ангелов: Пожарот во Мариово повторно се активира, огнената линија се протега на 20 километри
-

НП „Шар Планина“ со апел до возачите на моторни возила да ја намалат брзината при движење низ планинското подрачје
-

Трамп ја нарече Ормуската Теснина - нова територија на САД
-

Голем кибер напад во Летонија, украдени податоци од 1,2 милиони луѓе
-

Убедлив триумф на Вардар против грчки Олимпијакос
-

Украина учествуваше во вежбите на НАТО против дронови во Летонија
-

Тошковски на централната прослава во Охрид: 34 години македонска Армија – чест, традиција и сигурност за Македонија
