Зголемена продажбата на кубански пури
Куба минатата година продаде пури во вредност од 500 милиони долари, што претставува зголемување од 12 отсто во однос на 2016 година, соопшти компанијата Хабанос, која е монопол во таа индустрија.
Во Хавана вчера беше отворен Меѓународниот фестивал на кубански пури, кој ќе трае до 2 март. Организатор на фестивалот е корпорацијата Хабанос, која е дел од државната компанија Табакуба (Tabacuba) и британската Империјал тобако (Imperial Tobacco).
Кубанските пури од марките „Коиба“ (Cohiba), „Монтекристо“ (Montecristo) и „Ромео и Јулија“ (Romeo y Julieta) се продаваат во речиси 150 држави. Главно се присутни на пазарите во Европа, Латинска Америка и Канада.
Продажбата е зголемена, иако кубанските пури се забранети во САД, чии граѓани можат само да увезуваат мали количества за лична употреба доколку ја посетат Куба.
Најголем пазар на кубански пури има во Шпанија, Франција, Кина, Германија, Швајцарија, Либан, Обединети Арапски Емирати, Велика Британија и Канада.
Според претставници на Хабанос, во последно време има значително зголемување на побарувачката на кубански пури во Кина.
Ново на Сител
-
Калаc: САД сакаат кавга со ЕУ
-
Намален прометот во индустријата
-
Почина гинекологот и акушер проф. д-р Јован Јуруковски
-
Уапсен 47-годишен од с.Дражево, нападнал човек со остар предмет
-
Кривична против две лица од Кочани поради користење на туѓа дебитна картичка
-
Нападната 46-годишна жена на нејзиното работно место во Скопје
-
Кривична за 33-годишен штипјанец, нудел пари да се запали возило на друго лице
-
Трошоците на живот во јануари на годишно ниво повисоки за 4.9 %, а цените на мало за 5.2 %.