Зголемена потрошувачката на вода, Водовод апелира на рационална употреба
Јавното претпријатие Водовод и канализација - Скопје апелира до скопјани рационално и внимателно да ја користат водата во деновите со екстремно високи
температури.
Податоците на ЈП Водовод и канализација – Скопје покажуваат зголемена потрошувачка на водата, чие дневно производство достигнува и над 340 000 метри кубни вода, што е за 30 проценти зголемување во однос на зимскиот период.
Се препорачува рационално да се користи и употребува водата за пиење, односно да се избегнува полевање поголеми површини, разладување на дворни површини, улици и непотребно трошење на водата за време на топлите денови.
- Особено да се избегнува непотребно трошење на водата за полевање на бавчи и ниви, полнење на базени и сл. што предизвикува нестабилност во водоснабдувањето во високите зони на градот, како што е на пример Припор и Сопиште каде во текот на последните неколку денови е забележана енормна
потрошувачка на вода, која доколку не се рационализира може да доведе и до прекини во водоснабдувањето, стои во апелот од Јавното претпријатие Водовод и канализација - Скопје.
Ново на Сител
-
Претрес во Штип, приведен дилер
-
ИДФ: Убиен е Махмуд ал-Мабух , командант на единицата за дронови на Хамас во Газа
-
Во Берово најстудено, во Гевгелија најтопло
-
Полициска акција во струмичко-гевгелискиот регион - се очекуваат детали од МВР
-
Седумнаесет години од загинувањето на Тоше Проески
-
Судскиот совет ќе разгледува барања за исклучување на јавноста во постапки за одговорност на судии
-
Во Кривичен продолжува судењето за двојното убиство на Вања и Панче
-
Предлог-измените на Законот за домување на комисиска расправа