Македонија
16. October 2024 - 9:20

ИДФ: Убиен е Махмуд ал-Мабух , командант на единицата за дронови на Хамас во Газа

Израелската армија тврди дека во воздушен напад го убила командантот на единиците за беспилотни летала на Хамас во северниот дел на Газа, Махмуд ал-Мабух. Според соопштението на ИДФ, Ал-Мабух бил одговорен за нападите со дронови врз Израел и израелските војници во Газа, пренесува „Тајмс оф Израел“.

ИДФ, исто така, соопшти дека ликвидирала оперативци на Хамас во Џабалија во борба лице в лице, како и во воздушни напади.

Израелските сили извршија напади со дронови во Рафа врз „ќелија на вооружени терористи“ кои планираа терористички напади, се додава во соопштението на израелската армија.