Зголемена потрошувачката на вода во Крива Паланка
Потрошувачката на вода во Крива Паланка е зголемена, но издашноста на изворите од Калин Камен е доволна и нема проблем со водоснабдувањето во градот, информира јавното претпријатие „Комуналец“ во Крива Паланка.
Во периодот на екстремно високи температури потрошувачката на вода достигнала и до 70 литри во секунда.
- Нормалната потрошувачка на вода е од 20 до 30 литри во секунда, додека во деновите кога владееја тропски температури потрошувачката беше и до 70 литри во секунда. Во моментот дотурот на вода од Калин Камен изнесува 50 литри во секунда, но имаме и доволно залихи, четири резервоари со капацитет 1700 метри кубни вода кои ги задоволуваат потребните количини и нема недостиг на вода, изјави директорот на ЈП Комуналец, Томе Тодоровски.
Тој напомена дека потрошувачката на вода годинава е минимално зголемена во однос на минатото лето, а со падот на температурите опаѓа.
- Квалитетот на водата е согласно Законот за води и законските и стручни прописи по Правилникот за безбедност на вода и тој редовно се следи од страна на нашите стручни лица. Следењето на квалитетот на водата за пиење е преку повеќе параметри, меѓу кои микробиолошкиот состав, како и физичко-хемискиот состав, кој подразбира испитување присуство на пестициди, паразити и радиоактивни честици. Сите параметри редовно се испитуваат во Центрите за јавно здравје, потенцира Тодоровски.
Според него, квалитетот на водата за пиење во Крива Паланка е одличен.
Ново на Сител
-
Игор Јуриќ: Да бидеме подготвени на најлошото, но да не се предаваме - верувам во чудо
-
Почина уште едно повредено лице во терористички напад во Москва
-
ВМРО-ДПМНЕ ја официјализираше својата коалиција
-
Мицкоски очекува ТВ дуел со Ковачевски
-
МТСП: Понеделник неработен за граѓаните од католичка вероисповед
-
Се уште нема трага од двегодишната Данка, потрагата продолжува
-
Индустриското производство во февруари зголемено за 0,3 отсто
-
ДЗС: Струјата во второто полугодие лани поскапела за 8,2 отсто