Претпладне сончево, попладне локален пороен дожд и грмежи

Времето денеска претпладне ќе биде сончево со умерена облачност, а попладне и во текот на ноќта под влијание на влажна и нестабилна воздушна маса, ќе биде променливо облачно и нестабилно со локален пороен дожд и грмежи. Наместа процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со пообилен пороен дожд и за кратко време ќе наврнат над 20литрина квадратен метар, како и со засилен ветер од над 60 километри на час и изолирана појава на град. Минималната температура ќе биде во интервал од 9 до 17, а максималната ќе достигне од 24 до 35 степени Целзиусови.
Во Скопје ќе биде променливо облачно, а попладне и во текот на ноќта ќе биде нестабилно со локален пороен дожд и грмежи, во делови од котлината во форма на невреме. Ќе дува умерен до засилен ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе се спушти до 12, а максималната ќе достигне до 36 степени Целзиусови.
Според најавите од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР), денеска попладне, во текот на ноќта и во недела претпладне времето ќе биде променливо облачно и нестабилно со локален пороен дожд и грмежи. Наместа процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со пообилен пороен дожд и изолирана појава на град. Потоа следува период на претежно стабилно и топло време.
МИА
Ново на Сител
-

Војната во Иран може да предизвика прехранбена криза и нови бегалски бранови
-

Уапсени осум возачи за безобѕирно управување возило, еден од нив без дозвола возел возило кое претходно го украл
-

Започна распределбата на ваучерите за инвертер клими
-

Вештакот Ристески за „Онкологија“: Кај 12 пациенти дадена терапија спротивно на индикациите
-

За два денара поевтино гориво на повеќето бензински пумпи
-

Мицкоски на конгрес во Брисел
-

65-годишник приведен за кражба во џамија
-

Кривична за кичевецот кој лажно пријави дека има бомба во РЕК Осломеј за порано да замине од работа
