-->
-->
Зголемена потрошувачката на вода во Беровско и Делчевско
-->

Поларните температури кои го зафатија крајниот исток од државава, енормно ја зголемија потрошувачката на вода. Само во Берово има 40 отсто зголемување на потрошувачката на вода. Директорот на ЈПКД Услуга од Берово, Љупчо Дракалски, информира дека моментно, Берово, заедно со шест населени места вклучени на водоснабдителниот систем, имаат потрошувачка од 170-180 литри во секунда.
- Зголемената потрошувачка за вода во зимскиот период, посебно кога се ниски температурите е карактеристична за Берово. Граѓаните ги оставаат чешмите пуштени за да не замрзнат. Засега немаме големи дефекти на системот. Им укажуваме дека е тоа непродуктивно трошење на водата, но навиките тешко се менуваат кај населението, вели Дракалски.
Според директорот на ЈПКД „Брегалница“ Ванчо Цветковски, Делчево деновиве троши вода колку и во најжешкиот период од годината. Потрошувачката деновиве изнесува од 70-80 литри во секунда.
- Во есенскиот перод или во пролет, потрошувачката на вода во Делчево е 50 литри во секунда. Апелираме до граѓаните на друг начин да ги штитат чешмите и водомерите од замрзнување. Најдобро е надворешните чешми да се исклучат од системот, водомерите да се завиткаа со стиропор, најлон и сл. за да нема замрзнување, вели Цветковски.
Во Делчево од почетокот на годинава се регистрирани десетина пукнати цевки и водомери од замрзнување.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Кос го подготвува нонпејперот за полесно проширување на ЕУ, во Македонија и регионот нема многу оптимизам дека ќе помогне
-

Тема на денот со Александар Николоски, вицепремиер и министер за транспорт
-

Обвинение за 23 полицајци
-

Судијата Садула Изаири е новиот член Судскиот совет
-

Предлог Законот за минимална плата од 600 евра стигна во Собранието
-

ЕК не гарантира кога ќе се надмине проблемот на камионџиите, Мицкоски очекува решение во февруари
-

Јавниот долг падна под 60% од БДП
-

Совет на Европа го затвори постмониторинг дијалогот со Македонија
