Зголемена опасност од пожари во Грција
Грчките власти предупредија дека денеска има многу голема веројатност од избувнување на пожари во повеќе области во земјата, поради што опасноста од пожари е зголемена на четврти степен, јави дописникот на МИА од Атина.
Како особено висок, се оценува ризикот од пожари во Атика, на Пелопонез, во северниот дел на Егејското море и на островите Лимнос, Самос и Икарија, во североисточниот дел на Грција и на островот Самотраки.
Локалните власти се во состојба на зголемена готовност, со цел поуспешно да се справат со евентуални пожари.
На граѓаните им е препорачано да бидат многу внимателни и да се воздржат од активности со кои би можеле да предизвикаат пожари од невнимателност. Забрането е и палење сува трева и други растителни отпадоци на земјоделски површини.
Ново на Сител
-
Обвинителството отвори истрага за токсичната пепел од РЕК Битола
-
Привршува судењето за модуларната болница во Тетово
-
По 1 мај средба Мицкоски - Таравари
-
ЗНАМ почнува преговори со ВМРО-ДПМНЕ за соработка на локалните избори
-
Левица бара да нема застареност
-
Хрватски искуства на патот кон ЕУ: Политичкиот консензус услов за реформи
-
Културните работници на протест поради доцнењето на мартовската плата
-
Царините на Трамп негативен шок за глобалната економија