Зголемена фреквенција на возила на граничниот премин Богородица
На граничниот премин „Богородица“ има зголемена фреквенција на возила поради продолжениот викенд во Македонија, но не се чека подолго од десетина минути.
Во изминатите 24 часа од земјата излегле 12.000 патници од кои 6.500 се македонски граѓани.
- Гужвата од возила и автобуси во моментот е голема, но задржувањето на патниците не е подолго од пет до десет минути кои се потребни за извршување на царинските формалности. Тоа значи дека на „Богородица“ се функционира беспрекорно со ставање во функција на сите раположливи капацитети, изјави за МИА командирот на Граничната полиција, Миле Тошев.
На грчкиот дел од границата колоната возила е некаде до граничниот камен со Македонија, но и таму задржувањето не е подолго од петнаесетина минути.
Фреквенцијата на граничниот премин Богородица е зголемена уште од почетокот на месецов поради летувањето на странските и македонските туристи во Грција.
Ново на Сител
-
Teма на денот со Татјана Димитровска, претседателка на ДКСК
-
Лидерите на Европскиот Фронт потпишаа декларација против „моноетничко владеење“
-
Гаши ја свика првата координација
-
Лидерите на Европскиот Фронт потпишаа декларација против „моноетничко владеење“
-
Деспотовски: Тој што ќе изгуби на изборите во СДСМ, да не прифаќа партиски функции
-
Мицотакис: Прашањето за Преспанскиот договор ќе го отворам на Самитот на НАТО
-
Матурантите кои препишуваа на испитот по мајчин јазик ќе полагаат пак во август
-
Детектор: Младинскиот активизам на незадоволително ниво