Зголемен смртниот биланс од вчерашниот земјотрес во Турција, попладнево уште еден потрес
Бројот на загинати од вчерашниот земјотрес во источна Турција достигна 29 лица јави турскиот телевизиски канал ТРТ.
Бројот на повредени исто така се зголемува, па според на турската Служба за вонредни состојби и природни непогоди во земјотресот биле повредени 1466 лица.
Турските медиуми јавуваат дека од под урнатините, спасувачките екипи успеале да извлечат живи најмалку 43 лица.
Во најпогодената област Елазиг, денеска повторно беше регистриран земјотрес со јачина од 5,1 степен по Рихтеровата скала. Земјотресот се случи околу 19.30 часот по локално време, на длабочина од 10 километри, јави американскиот Геолошки институт. Засега нема информации за повредени во денешниот земјотрес.
За жителите на провинцијата Елазиг, тоа беше втор голем земјотрес што го погоди регионот за помалку од два дена. Вчерашниот земјотрес, со јачина од 6,8 степени покрај човечките жртви, уништи и неколку згради, а предизвика и најмалку еден пожар.
Ново на Сител
-
ЈСП има нафта за уште 3 до 5 дена - Тендерот за набавка заврши, ама не се знае дали е успешен
-
Протест против загадениот воздух идниот вторник во Скопје
-
СЗЛДМ - Петиција за итно обезбедување на сензори за сите и квалитетни инсулински пумпи!
-
Преглед на вестите од свет
-
Состанок на НАТО - Помошта за Украина во фокусот
-
Владата не гледа објективни причини за барањето на СДСМ за лидерска средба
-
СДСМ: Режимски тенденции на Мицкоски и ДПМНЕ, се спроведува опасна партизација на институциите
-
Храбро срце со реакција за малиот буџет за трансплантации