Зголемен раст на оризовото стебло и намалена појава на плевели во кочанско
Агенцијата за поттикнување на развојот на земјоделството во соработка со фирмата „Скопски легури“ од Скопје пред еден месец поставија опит со препаратот „Тераграмин“ на оризово поле кај селото Чифлик. Опитот беше поставен на површина од еден декар и до неа споредбена површина без аплициран „Тераграмин“. Целта беше да се види влијанието на овој нус производ врз структурата на почвата и растот на растенијата.
По првичната посета на поставување на опитот стручни лица од Агенцијата за поттикнување на развојот на земјоделството констатираа дека има забележливи резултати од аплицирањето на препаратот„Тераграминот“.
-По првичната посета на опитното поле каде што пред еден месец го поставивме препаратот „Тераграмин“ бевме позитивно изненадени бидејќи забележавме дека растот на растенијата каде што поставивме „Тераграмин“ е зголемен за околу 5 до 6 см, во однос на површината каде што не беше третиран со „Тераграмин“ . Забележавме и дека значително е намалена појавата на плевели каде што е аплициран тој „Тераграмин“, истакнува Валентин Захариев, советник по поледелство во Агенцијата во Кочани.
Захариев вели дека со следење на опитот ќе се продолжи до крајот на жетвата на оризовата култура со цел да се видат ефектите од аплицирањето на препаратот „Тераграмиот“ врз приносите на оризот.
Ново на Сител
-
Зеленски: Преговарам за мега договор со Трамп
-
Расчистено убиството во Батинци, се трага по едно лице
-
Поради пожар затворен за сообраќај автопатот од наплатна рампа Миладиновци до клучка Бунарџик, во двата правца
-
ЦУК: Неколку пожари во Куманово и Старо Нагоричане
-
ЦУК: Поради ветер кој го зафати подрчјето на Куманово и Скопје на повеќе локации од искрење на жици предизвикни се пожари
-
Поранешниот претседател на Албанија, Илир Мета, останува во затворски притвор
-
Регрут од украинската армија уби двајца свои инструктори
-
Уапсен еден од соучесниците за убиството во Батинци