Зголемен прометот во индустријата

Вкупниот промет во индустријата во април годинава е зголемен за 10,9 отсто во однос на истиот месец лани, а намален за 7,1 отсто во споредба со март 2018 година, додека во првите четири месеци од годинава пораснал за 10,8 отсто во споредба со истиот период од минатата година.
Според податоците на Државниот завод за статистика, вкупниот промет во индустријата во април 2018 година, во однос на април 2017 година, бележи пораст кај Интермедијарни производи, освен енергија за 3,4 отсто, Капитални производи за 19,1 процент, Трајни производи за широка потрошувачка за 8,2 отсто и Нетрајни производи за широка потрошувачка за 8,9 проценти.
Прометот во индустријата, пак, на домашниот пазар, во април годинава е намален за 1,7 отсто во споредба со истиот месец од минатата година, во однос на март 2018 година има пораст од 1,6 отсто, а во првите четири месеци од годинава е забележан раст од 2,1 отсто во споредба со истиот период лани.
Опаѓање има кај Интермедијарни производи, освен енергија за 8,0 отсто и Капитални производи за 3,6 проценти, додека пораст е забележан кај Трајни производи за широка потрошувачка за 12,9 отсто и Нетрајни производи за широка потрошувачка за 2,5 проценти.
Прометот во индустријата на странските пазари во април 2018 година, во однос на април 2017 година е зголемен за 4,5 отсто, а во однос на март годинава е намален за 9,9 проценти, додека во првите четири месеци од годинава пораснал за 12,7 отсто во споредба со истиот период од минатата година.
Пораст има кај Интермедијарни производи, освен енергија за 6,3 отсто, Капитални производи за 19,6 проценти, Трајни производи за широка потрошувачка за 3,3 отсто и Нетрајни производи за широка потрошувачка за 13,8 проценти.
Ново на Сител
-

Пазарот на недвижности во 2025 година стабилен - најдоминантен сегмент биле становите со 33% во вкупниот број на купопродажби
-

Средба Муцунски - Минзату, тема унапредување на соработката во областа на образованието, вештините и младинските политики
-

Русија развива вакцина против ХИВ
-

Конференција „Централното банкарство во услови на постојани светски промени: поттикнување стабилност, иновации и издржливост“
-

Утрово најтопло во Скопје и Велес, најстудено на Попова Шапка и во Берово
-

Повторно раст на цената на нафтата
-

ЕУ и Австралија постигнаа историски договор за слободна трговија и одбранбено партнерство
-

Дебата за институционалните капацитети за спречување и борба против корупцијата
