Македонија
1. August 2016 - 8:35

Зголемен интензитетот на сообраќајот

 
Интензитетот на сообраќајот на патните правци надвор од градските средини е зголемен. 
 
Од АМСМ информираат дека на граничниот премин Богородица поради зголемената фреквенција можни се задржувања до 30 минути. На останатите граничните  премини нема подолги задржувања за влез и за излез од државата.
 
Сообраќајот на сите државни патишта во Македонија се одвива без забрани, по суви коловози. Се препорачува внимателно возење, прилагодена брзина на движење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација. Поради високите температури се сугерира да се патува во раните утрински и вечерни часови со правење почести одмори и конзумирање повеќе безалкохолни пијалоци.