Македонија
3. August 2015 - 8:56

Зголемен интензитет на сообраќајот

Интензитетот на сообраќајот на патните правци надвор од градските средини е зголемен, а на граничните премини Богородица и Табановце има задржување околу 30 минути.

Според информацијата од АМСМ, на останатите гранични премини и покрај зголемената фреквенција, нема подолги задржувања за влез и за излез од државата. 

Сообраќајот на сите државни патишта се одвива по суви коловози.