Зголемен индикаторот на доверба во трговијата на мало
Индикаторот на доверба во трговијата на мало во првото тримесечје од годинава е зголемен за 0,2 процентни поени во однос на претходното тримесечје и за 1,1 процентен поен во однос на истото тримесечје од 2016 година, оценуваат раководителите на деловните субјекти.
Според нивната оценка, економската состојба на деловните субјекти во првото тримесечје од годинава е понеповолна во однос на претходното тримесечје, а поповолна во однос на истото тримесечје од 2016 година. Се очекува дека ќе биде поповолна во наредните две тримесечја.
Како што информира Државниот завод за статистика, количината на залихите е намалена во однос на претходното тримесечје, а финансиската состојба во првото тримесечје од годинава е поповолна во однос на четвртото тримесечје од 2016 година.
Оценката за очекуваните порачки за наредниот период е дека ќе се намалат, додека бројот на вработени ќе се зголеми.
Продажните цени во првото тримесечје од годинава се намалиле во однос на четвртото тримесечје од 2016 година, а се очекува нивно намалување и во наредните 3 месеци.
Најголемо влијание на ограничувањето на економската состојба на деловните субјекти во текот на првото тримесечје од годинава имале слабата побарувачка од купувачите со 31,6 отсто, зголемената понуда на пазарот со 17,6 отсто и зголемената конкуренција на пазарот со 12,5 отсто.
Ново на Сител
-
Заседание на Воениот комитет на НАТО на ниво на началници на генералштабови
-
Втор ден Самит „Македонија 2025“ со панели за справување со корупцијата, странски инвестиции, дигитализација
-
Во Србија уапсен човек поради закани кон претседателот на државата
-
Состојба на патиштата
-
Облачно со повремен дожд и ретки грмежи
-
Министерство за правда изрази благодарност до турските власти за екстрадицијата на Палевски
-
МВР: Екстрадиран Љупчо Палевски, пренесен е во КПУ Затвор Скопје
-
АМСМ: Камионите се пренасочуваат од Блаце, има проблем со терминалот