Зголемен бројот на загинати во ерупцијата на Белиот остров, идентификувана една од жртвите
Смртниот биланс од ерупцијата на вулканот на новозеландскиот Бел остров се зголеми на 15 лица, откако полицијата соопшти дека уште една личност починала во болница.
Новозеландските власти информираа дека засега е идентификувана една жртва, и оти станува збор за 21-годишна државјанка на Австралија.
Нуркачките тимови и натаму продолжуваат со потрагата по телата на исчезнатите лица во морето покрај Белиот остров.
Заменик комесарот на полицијата, Џон Тимс, условите за пребарување ги нарече „единствени и предизвикувачки“, пренесуваат американските медиуми.
И покрај активноста на вулканот и стравот од нови ерупции, војската вчера успеа да ги пронајде телата на уште шестмина туристи. Уште две лица, за кои се претпоставува дека се капетанот на бродот и туристички водич, се водат за исчезнати, но се верува дека веќе не се живи.
Нуркачите пребарувањето го почнаа вчера, но го прекинаа поради влошување на временските услови. Авионското пребарување на островот беше прекинато во текот на ноќта.
Шестте пронајдени тела вчера беа префрлени во Оукленд на идентификација. Полицијата смета дека овој процес може да потрае некое време, иако работат што е можно побрзо за телата да им бидат вратени на семејствата.
На островот за време на ерупцијата се наоѓале 47 туристи и нивните водичи.
Ново на Сител
-
Teма на денот со Кристина Костова, потпретседателка на СДСМ
-
Преглед на вестите од светот
-
Судот одреди куќен притвор за скопјанецот кој со мотор го усмрти Југослав – Обвинителството вложи жалба
-
Пеколните горештини причина за колапси и сообраќајни несреќи
-
Гази Баба неколку дена без вода, градоначалникот најавува кривична пријава
-
Наместо данок за невенчани, владата да обезбеди повисоки плати и подобар стандард, велат од Реактор
-
Утре ВМРО-ДПМНЕ ќе го објави кандидатот за градоначлник на Скопје
-
СДСМ: Дебакл на надворешна политика