Зголемен бројот на заболени деца од варичела во Куманово
Зголемен е бројот на деца заболени од варичела или познато како овчи сипаници во Куманово, информираа денеска епидемиолози од Центарот за јавно здравје.
Лекарите од јавната здравствена установа велат дека трендот на зголемување на бројката на заболени, пред сè деца, почнал од октомври, годинава.
– Станува збор за акутно заболување, карактеристично за детска возраст. Речиси 80 проценти од заболените во Куманово се деца од предучилишна и училишна возраст од нула до 14 години, има и новороденчиња, но и возрасни членови на семејствата на заболените дечиња, изјави доктор Јадранка Стаменковска од Центарот за јавно здравје Куманово.
Таа појаснува дека станува збор за капкова инфекција, што се пренесува преку кашлање, кивање, говор и преку непосреден допир. Педијатрите ги пријавуваат заболените. Болеста се манифестира со појава на осип што започнува од главата. Лекувањето во најголем дел е во домашни услови бидејќи најчесто, заболените деца поминуваат со лесна клиничка слика, но, има и случаи со воспаление на белите дробови при намален имунитет.

Од заболените возрасни, станува збор за родители кои во детството не ја прележале болеста што остава траен имунитет. Последниов месец регистрирани се 119 заболени, од почетокот на годинава, 352 деца.
Епидемиолозите појаснуваат дека периодот на инкубација на вирусот трае од десет до 23 дена, заболените пак се најзаразни дента пред појава на карактеристичниот исип.
– Значајно за нас е да не настане таа супер инфекција, да не се чешаат тие крустички, убаво да се дезинфицираат рацете, проветрена просторија, богата витаминска исхрана, доколку има температура, користење на симтоматска терапија, купки, додава Стаменковска.
Според податоците на Центарот за јавно здравје Куманово, лани од овчи сипаници биле заболени 94 лица, а претходната година, имало околу 115 заболени. Поради пандемијата, претходните две години беше намален бројот на заболени од варичела. Но, од 2017 до 2019 година, таа бројка изнесуваше од 500 до 700 случаи. Кумановските епидемиолози годинава очекуваат да се достигнат овие бројки.
Ново на Сител
-

РКЕ: Нови цени на горивата од полноќ, бензините поскапува за три, дизелот за шест денари
-

Димитриеска-Кочоска: Владата донесе одлука за намалување на акцизата на горивата
-

Милановиќ со критики за францускиот протокол: Вучиќ не требаше да биде сместен пред Пленковиќ на воената парада во Париз
-

Две лица загинаа и повеќе од 80 се повредени за време на прославите на светската титула на Шпанија
-

ЦУК: До 18 часот регистрирани осум пожари на отворено, еден сè уште активен
-

Трамп сака САД наскоро пак да бидат домаќини на СП во фудбал
-

МЗ: Забележано почетно намалување на бројот на новoпрегледани пациенти во Гостивар, активно се следи состојбата на терен
-

Бернам: На Велика Британија и треба нов политички и економски модел
