Македонија
7. јуни 2018 - 12:34

Зголемен бројот на првачиња во Струмица

Во деветте основни училишта во општина Струмица до крајот на мај се запишале 513 нови првачиња за новата учебна 2018/2019 година.

Иако во споредба со лани, кога се запишале вкупно 453 првачиња, годинава вкупниот број на запишани првачиња е поголем за 60, сепак во четири села не е запишано ниту едно прваче.

Според информациите од Зоран Узунов, општински просветен инспектор од запишаните дечиња 266 се момчиња, а 246 девојчиња.

- Најголем број или 146 ученици во прво одделение се запишале во основното училиште „Сандо Масев“ во Струмица, а најмалку, само пет во основното училиште „Гоце Делчев“ во Вељуса. Во населените места Сачево, Габрово, Дорломбос и Мемешли во мај не се запишало ниту едно дете во прво одделение, информираше општинскиот просветен инспектор, Зоран Узунов.

Од општина Струмица апелираат родителите, кои од објективни причини не успеале да ги запишат своите деца во предвидениот рок, тоа да го сторат и во наредниот период, се до почетокот на новата 2018/2019 учебна година.