Бизнис
19. May 2016 - 15:12

Зголемен бројот на патници во приградскиот, намален во градскиот и меѓународниот превоз

Во првото тримесечје од 2016 година, бројот на превезените патници во однос на тој период од 2015 година, во приградскиот превоз е зголемен за 14,2 отсто, во градскиот превоз е намален за 11,6 отсто, како и во меѓуградскиот превоз каде што намалувањето изнесува 19,3 отсто, додека во меѓународниот превоз намалувањето изнесува 13,2 отсто, објави Државниот завод за статистика.

Во однос на тој период од 2015 година, бројот на патничките километри во приградскиот превоз е зголемен за 24,7 отсто, а во градскиот превоз за 2,6 отсто. Во меѓуградскиот превоз е забележано намалување кое изнесува 10,6 отсто, како и во меѓународниот превоз каде што намалувањето изнесува 20,8 отсто.