Зголемен бројот на лекарски интервенции во Куманово
Службата за итна помош од Куманово регистрира од 10 до 15 проценти зголемен број на интервенции од почетокот на летото, информираа денеска лекарите од оваа здравствена установа.
Тие посочуваат дека најчесто помош бараат хронично болните лица.
- Често се јавуваат пациенти кои имаат симптоми како зголемен крвен притисок, повраќање и гадење, изјави доктор Марјан Спирковски, раководител на службата за Итна помош од Куманово.
Лекарите ги советуваат хронично болните редовно да ја земаат пропишаната терапија, да не излегуваат на сонце во периодот од 10 до 17 часот, а доколку мора да излезат, да носат лесна и светла облека и да внесуваат доволно течности.
Според лекарите, во овој период од годината често се јавуваат и пациенти кои бараат помош за стомачни заболувања.
- Најчесто станува збор за деца, но заболуваат и повозрасни лица. Симптомите се дијареа, општа малаксаност, гадење, повраќање, вртоглавица и главоболки, вели доктор Спирковски.
Како превентивни мерки лекарите ги посочуваат темелното миење на овошјето и зеленчукот и правилното чување на храната. На граѓаните кои патуваат на одмор им се препорачува да носат вода и храна која не е лесно расиплива и за време на патувањето да избегнуваат брза храна.
Ново на Сител
-
Алкараз: Тоа што Синер не игра во Индијан Велс, не менува ништо
-
Се испитуваат причините по повредата на дете предизвикана од пад на гранка од дрво во Карпош
-
Царината заплени 18 килограми сребро, 1.852 парчиња облека, обувки и играчки со потпис на заштитени трговски марки
-
Продолжува судењето за убиствата на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски
-
Димитриеска-Кочоска: Економијата се опоравува и стабилизира, во четвртиот квартал раст на БДП од 3,2 проценти
-
Приведен 56 годишен тетовец за лихварство
-
Аморим: Она што се обидуваме да го изградиме е поважно од освојување трофеј во моментов
-
ФИА го отфрли првиот сериозен протест на Ред Бул за 2025 година