-->
-->
Зголемен број пожари во Неготинско и Демиркаписко
-->

Зголемен е бројот на пожари во Неготинско и Демиркаписко. За шест месеци од годинава, имало речиси ист број пожари, колку за целата измината година. Ова го соопшти командирот на Противпожарната единица Иле Илиев, во изјава за МИА.
– Од почетокот на годината до сега, бележиме 101 интервенција. Во 73 случаи гореше на отворен простор, а во 14, пламени јазици имаа зафатено објекти. Интервениравме и при пет сообраќајни незгоди во кои учествуваа патнички и товарни моторни возила. Како Територијална противпожарна единица бевме повикувани и при случаи на оган во контејнери, поплава и запалени бандери, информираше Илиев.
Тој апелираше за поголема противпожарна свест, со цел превентивно да се влијае против појавата на пожари.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Можна ли е ескалација по пресудата на судот во Хаг?
-

Вучиќ очекува посеопфатна одговорност за злосторствата
-

Тема на денот со Злате Димовски, професор по безбедност
-

Марш на ангелите
-

Вкупно 81 година затвор за поранешното раководство на ОВК, илјадници граѓани револтирани ја дочекаа пресудата
-

Пресудата за четворицата поранешни лидери на ОВК предизвика реакции во регионот
-

Фон дер Лајен: Нови патокази за Западен Балкан, без отстапки од вредностите
-

Савески: Ако има основи, Обвинителството ќе постапува
