-->
-->
Зголемен број нови случаи на Ковид-19 во Грција
-->
Во Грција денеска се соопштени 110 нови случаи на Ковид-19, првпат троцифрен број по подолго време, а само девет од новозаразените се по направените тестови на влезните точки во земјата, јави дописничката на МИА од Атина.
Според грчките медиуми, најголемиот број од денешните случаи се во Солун -37, од кои 10 се од свадба, 23 се во Кавала, 19 во поширокиот регион на Атина, по три на Крф и Халкидики итн.
Бројот на нови случаи во Грција секојдневно расте, со оглед на тоа дека во понеделникот беа регистрирани 35 новозаразени, вчера 78, а денеска 110, додека пак во изминатите шест дена, има вкупно 397 нови случаи.
Од почетокот на епидемијата, регистрирани се 4.587 заразени со Ковид-19, а починаа 206 лица.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Разрешувањата во Судски совет ќе чекаат законски измени
-
Младите во Британија не знаат да променат сијалица, во Македонија велат тоа го прават без проблем
-
Руте: Време е за војна – вака треба да размислуваме
-
Преглед на вестите на светот
-
Муцунски: 2025 да биде година за старт на преговорите
-
Продолжуваат протестите на синдикатот на УПОЗ
-
Преглед на вестите од светот
-
Постигнат е договор: Дополнителни 6 денари по килограм оризова арпа