Живот
9. јуни 2017 - 14:20

Зетот се заљубил во бабата па заедно побегнале и се земале, денеска пресврт во приказната

22-годишниот Сурај Махто се најде во центарот на медиумите откако минатата година ја напушти својата сопруга Лалита и се ожени со нејзината мајка, 49-годишната Деви. Необичната афера почнала кога мајката на девојката ги посетила младенците во нивното село во Индија.

Таа се грижела за Сурај кога се разболел, и така се родила љубов. Знаеле дека љубовта е забранета, па затоа се слушале на телефон, а кога еден дн се дознало, се бунело цело село за срамот, но залудно. Тие побегнале и се земале. 

- Ја сфатив својата грешка, сега кон неа се однесувам како кон мајка, изјавува тој денес.

И жената потоа сакаше да го врати времето назад но залудно.