Земјотреси од 5,1 степен во близина на Санторини - за 19 дена над 19.200 потреси

Земјотрес со јачина од 5,1 степен беше регистриран кусо пред 10 часот утрово во морскиот дел меѓу грчките острови Санторини и Аморгос, а неколку минути претходно имаше помал земјотрес од 4,2 степени, додека во текот на ноќта беа регистрирани два нови потреси од 4,2 и 4,5 степени според Рихтер, јави дописничката на МИА од Атина.
Најсилниот земјотрес во морскиот дел меѓу Санторини и Аморгос беше регистриран минатиот понеделник и беше со јачина од 5,3 степени според Рихтер.
Според податоците од Интердисциплинарен комитет за управување со опасности и кризи при Атинскиот Универзитет од почетокот на серијата земјотреси во морскиот дел меѓу Санторини и Аморгос, односно од 26 јануари заклучно со 14 февруари, биле регистрирани над 19.200 земјотреси, од кои над 16.900 биле посилни од 1 степен.
Поради сеизмичка активност, училиштата на островите Санторини, Иос, Аморгос и Анафи ќе бидат затворени и оваа седмица, трета по ред.
Надлежните комисии за процена на сеизмичка опасност и за мониторинг на вулканската активност при Министерството за цивилна заштита и климатски кризи на Грција вчера одржаа состанок за да ја оценат ситуацијата, а членовите едногласно заклучиле дека тековната сеизмичка активност се должи на подморски раседи со североисточен и југозападен правец и дека сеизмичката активност во калдерата останува на истите нивоа, додека зголемена деформација на тлото е забележана во поширокото подрачје на Санторини и постојано се следи.
Дополнително ги повторија и препораките до граѓаните, односно да избегнуваат големи собири во внатрешноста на објектите; да избегнуваат пристап во напуштени објекти; да избегнуваат пристап и престој во пристаништа Амуди, Армени, Крфос и старото пристаниште во Фира; да ги отстранат опасните непотребни предмети на објектите и да ја испразнат водата од базените; да изберат безбедни рути при движењето по градската и локалната патна мрежа, особено на места каде што има опасност од појава на одрони и итно да се евакуираат крајбрежните области во случај на силен земјотрес.
Нов состанок, комисиите ќе одржат в среда попладне.
Грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис вчера во неговиот традиционален неделен преглед на Фејсбук, за земјотресите напиша дека според научниците станува збор за појава без преседан, со флуктуации во динамиката, што сè уште не дозволува безбедна процена на неговиот развој.
Ново на Сител
-

Хeмичaрот кoј дoби „Инжeнeрски прстен“ од државата | Кирил Христовски - ПМФ | Sitеl Pоdcаst 138
-

Најдобрата македонска кошаркарка стави крај на кариерата
-

ЕК објави список со предлози за дополнителни санкции против Русија
-

Променливо време со врнежи од дожд, на планините снег
-

ФФМ го казни својот поранешен претседател Сејдини поради финансиска измама
-

23-годишна кумановка со авотмобил удрила во 7-годишно девојче и тешко го повредила
-

Две лица, едниот од нив 18-годишник, извршиле тешка кражба во викендичка во Велес
-

Кривична за четири лица, меѓу кои двајца полицајци; за пари овозможувале граѓаните побрзо да извадат лични документи
