-->
-->
Земјотрес од 7,4 по Рихтер во близина на Вануату
-->

Земјотрес со интензитет од 7,4 степени според Рихтеровата скала е регистриран денеска во близина на Вануату.
Направена е голема материјална штета, вклучително и на објект во главниот град Порт Вила, во кој се наоѓа американската Амбасада, заедно со оние на Британија, Франција и Нов Зеланд.
Снимките објавени на социјалните мрежи покажуваат искривени прозорци и оштетени бетонски столбови. Очевидци укажуваат и за жртви во Порт Вила.
Од земјотресот урнати се мостови, предизвикани се свлечишта и оштетени објекти.
Епицентарот бил на длабочина од 10 километри во близина на главниот град Вануату, мала островска држава во јужниот дел на Тихиот Океан. зш/фото Принтскрин .
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

СДСМ го прослави 35. роденден
-

Тема на денот со Венко Филипче, лидер на СДСМ
-

Румен Радев е апсолутен победник на изборите во Бугарија
-

Преглед на вестите од светот
-

Државниот врв очекува конструктивен дијалог со новата бугарска влада
-

Од полноќ горивата поевтинуваат за 1,5 денар
-

Обвинителството тврди: Парите се на Ристов
-

Обвинетите полицајци тврдеа дека не знаеле дека казните ги издавале на неактивна фирма, наместо на „Пулс“
