Балкан
30. November 2021 - 8:39

Земјотрес од 5,1 по Рихтер го погоди западниот дел од Турција

Земјотрес со интензитет од 5,1 степени според Рихтер го погоди западниот дел на Турција, јави турската телевизија Си-Ен-Ен Турк.

Епицентарот бил во близина на градот Урла во округот Измир на брегот на Егејското Море.

По главниот земјотрес имало секундарни потреси од 4,3 и 2,8 степени.

Според локалните власти, засега нема извештаи за жртви или материјална штета.