Свет
5. April 2017 - 12:13

Земјата се тресе, во земјотрес со јачина од 6,1 степен жртви и материјална штета

Силен земјотрес со јачина од 6,1 степен по Рихтерова скала го потресе денеска североисточниот дел на Иран. Во земјотресот загина едно лице, а најмалку четири се повредени, соопшти организацијата Црвен полумесечина.

Земјотресот е регистриран на 76 километри југоситочно од градот Машад.

Регистриран е во длабочина од 33 километри.

Се стравува дека штетата во селата и помалите градови би можела да биде голема, а тимови и Црвента полумесечина и службите за итна помош ги пребаруваат населбите.

На сликите објавени на социјалните мрежи се гледат пукнатини на улиците и зградите, а во некои места во прекин се и телефонките врски.

Локалното население изјави дека по главниот потрес почуствувале и неколку помали, поради што се плашат да одат во своите домови.