Земан: Против Асад војуваат исламистите, не либералите

Против режимот на сирискиот претседател Башар ал Асад во Сирија се борат исламските екстремисти, а не т.н. либерали, изјавил шефот на чешката држава Милош Земан при посетата на Португалија.
- Таканаречените сириски либерали се во канцеларии во Њујорк и во Париз, но не се наоѓаат на бојното поле. Таму се наоѓаат Исламската држава (ИД), Ал Каеда и другите исламски екстремисти, ја пренесуваат чешките медиуми изјавата на Земан
Како што јави дописникот на МИА од Прага, Земан додава дека ниту Асад не е идеален, но смета дека е неопходно да се знае, кој му се спротивставува.
- Политиката не е избор меѓу доброто и нешто уште подобро, тоа е секогаш избор на помалото зло. Сметам дека претседателот Асад е помало зло од исламскиот тероризам, оцени Земан.
Чешкиот претседател зборува и за храброста, која Европа мора да ја најде за да може да ги заштити своите надворешни граници и наместо како што вели безумното прифаќање на мигрантите, треба да им се помогне на тие луѓе директно на нивната територија.
Тој посочи дека на средбата со неговиот португалски колега Марсело де Соуса се согласиле за потребата од реформа на Унијата. Според Земан, промените би можеле да ги иницираат токму помалите земји, како што се Чешка и Португалија.
Бегалската криза, според Земан, ќе продолжи уште долго време и ќе опфати милиони мигранти.
- Ефективната помош на африканските земји, потенцирам, а не подароци на диктаторите, би можела да ја забави оваа криза, заклучи чешкиот претседател.
Ново на Сител
-

Во Обединетото Кралство секој ден во просек по петтмина Албанци се осудуваат на казна затвор
-

Ѓорѓиевски: Се комплетира првата фаза од булеварот „Македонија“, со кој Скопје ја добива првата подземна сообраќајница
-

Трамп до Иран: Отворете ја проклетата теснина, луди гадови, или ќе доживеете пекол
-

Мицкоски: Се разгледуваат нови мерки ако за тоа има потреба, ќе се одредуваат согласно глобалните состојби
-

Лишени од слобода 13 возачи за безобѕирно управување возило, од нив шестмина возеле без возачка дозвола
-

Три жени нападнати од своите сопрузи во Скопје во последното деноноќие, во Штип синот го нападнал својот татко
-

Мицкоски: Состојбата со горивата во овој момент е стабилна, нема потреба од какво било ограничување
-

Малолетници консумирале алкохол во угостителски објект, а во една обложувалница биле затекнати малолетници
