Зема големи пари на „Милионер“, а одговорот го знаеше зашто на тоа место ја изгубил ногата
Натпреварувачот од Англија, Герет Кендал ги воодушеви сите кога во квизот „Кој сака да биде милионер“ освои 125 илјади фунти, одговарајќи точно на прашањето каде се наоѓа замокот Уркухарт.
Кендал од Халифакс учествуваше во квизот кој се емитува во Велика Британија, а тој откри дека одговорот на клучното 11-то прашање за 150 000 фунти го знае бидејќи на таа локацијан аправил тешка сообраќајна незгода, по кога останал без нога.
– Покрај кое езеро се наоѓаат рушевините од дворецот Уркухарт?, е прашањето кое му го постави водителот Џереми Кларксон.
Герет не се двоумеше ниту секунда.
– Го знам овој одговор, таму ја изгубив ногата, кажа натпреварувачот, а што публиката реагираше.
Тој додаде дека сообраќајната несреќа се случила во близина на рушевините на дворецот Уркухарт, покрај езерото Лох Нес.
Одговори точно на прашањето и отиде дома со 125 илјади фунти.
Ново на Сител
-
Учениците од утре на пролетен распуст, наставата ќе продолжи на 7 мај
-
Изборната кампања за двојните избори влегува во втората половина
-
Денеска е Цветници
-
Демократскиот сојуз ќе го одржи седмиот Конгрес
-
Во центарот на Куманово ќе биде откриен мурал со ликот на Бобан Трајковски кој беше убиен пред 23 години кај Вејце
-
Најмалку пет лица загинаа во торнадо во јужна Кина
-
Зеленски: На Украина и требаат најмалку седум ПВО системи „Патриот“
-
Сончево и релативно топло