Зеленски: За малку избегнат нуклеарен инцидент
Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека Европа можеше да се соочи со радијациска катастрофа по вчерашните два последователни испади на нуклеарната централа „Запорожје” од системот за снабдување со електрична енергија.
„Нуклеарната централа во Запорожје повторно има струја”, соопшти Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ) цитирајќи го официјален Киев.
Централата што е под контрола на руските сили, остана поврзана на довод со помала волтажа од блиската термоцентрала што при потреба може да обезбеди резервно напојување со електрична енергија.
Како што пренесува „Би-Би-Си”, Зеленски изјавил дека само поради тоа централата можела безбедно да работи.
Претходно беше соопштено за пожари поради кои дошло до оштетување на далноводите и прекин на работата на инсталациите.
Борбите што се водат во близина на најголемата нуклеарна централа во Европа предизвикуваат се поголема загриженост кај јавноста.
„Да не се вклучеа агрегатите, да не реагираа автоматизацијата и нашиот персонал во централата по испадот од напојувањето, веќе ќе бевме принудени да се справуваме со последици од радијациски инцидент”, предупреди Зеленски.
Ново на Сител
-
Надал пред Дејвис купот: Не сум тука за да се пензионирам, туку да му помогнам на тимот
-
АХВ: На влезот на Дебар спречен обид за пренос на 17 телиња
-
Советот на јавни обвинители ја потврди одлуката на републичкиот обвинител за суспендирање на Хајрулахи
-
Предлог притвор за малолетник кој со нож во глава убодел 15-годишник
-
Тридневна жалост во Параќин поради смртта на петнаесеттата жртва
-
Мицкоски: Економската соработка со Косово ќе биде над половина милијарда евра
-
Стабилно време со утриснка магла до среда, а потоа дожд и ветер
-
СДСМ: Власта ги запостави домашните компaнии