Зеленски за Фокс Њуз: Доколку САД ја прекинат помошта Украина ќе ја изгуби војната против Русија
Доколку САД престанат да го поддржуваат Киев, Украина ќе ја загуби војната против Русија, изјави украинскиот претседател Володимир Зеленски.
Во интервју за Фокс њуз, тој рече дека Украина иако има сопствено производство на оружје, тоа не е доволно и дека Киев ќе продолжи да се бори без оглед на одлуката на САД.
„Ако ја скратат (помошта), мислам дека ќе изгубиме. Имаме производство, но тоа не е доволно за да победиме. И мислам дека не е доволно за опстанок“, рече тој.
Зеленски истакна дека првите денови од војната биле најтешки, а дека отсега сѐ ќе зависи од единството на Украина и Европа, особено од единството на Киев и Вашингтон.
Пентагон синоќа соопшти дека американскиот Стејт департмент одобрил потенцијална продажба на воена опрема и услуги на Украина во вредност од 100 милиони долари.
Дополнително, американскиот претседател во заминување Џо Бајден му даде зелено светло на Киев да ја напаѓа руската територија со американски ракети АТАКМС со долг дострел, по што украинската војска погоди голем склад со артилериска муниција на руското Министерство за одбрана во Брјанската област.
Ново на Сител
-
Избран новиот централен одбор на СДСМ, Филипче најавува враќање на победничките патеки
-
Тема на денот со Татјана Стојановска, активист во иницијативата О2
-
30 конгрес на СДСМ - Отчет за поразот и избор на телата на партијата
-
Ахмети: Без Aлбанците, Македонија нема иднина
-
Владата и банките договорија 1,95% камата за унгарските пари
-
Автопатот Охрид - Кичево готов до 2026 година
-
Мицкоски: Од следната летна или есенска сезона очекувам да има нови електрични автобуси
-
Регионална депонија во Новаци во стар рударски коп на РЕК Битола