Зеленски вторпат во два дена разговараше телефонски со Трамп

Зеленски вторпат во два дена разговараше телефонски со Трамп. Украинскиот претседател Володимир Зеленски и претседател на САД, Доналд Трамп разговарале вчера, а денеска повторно оствариле контакт, откако украинскиот претседател претходно имал телефонски разговор со францускиот претседател Емануел Макрон.
Според соопштението на Киев, двајцата лидери разговарале за зајакнување на противвоздушната одбрана и за зголемување на капацитети на Украина со голем дострел.
„Разговаравме и за повеќе детали поврзани со енергетскиот сектор. Претседателот Трамп е добро информиран за сè што се случува. Се договоривме да го продолжиме нашиот дијалог, а нашите тимови веќе ја прават потребната подготовка“, напиша Зеленски на платформата „Икс“.
Вчера украинскиот лидер го повика Трамп да посредува за постигнување мир во Украина по примерот на спогодбата за прекин на огнот во Газа.
„Ако една војна може да запре во еден регион, тогаш и другите војни може сигурно да бидат запрени, вклучително и оваа што ја води Русија“, му рекол Зеленски на Трамп.
МИА
Ново на Сител
-

Тема на денот со Дарко Аврамовски - коалиција „Сите за правично судење“
-

Утре Брвеница бира нов градоначалник
-

Македонската Народна банка ги следи ризиците откако српската „АЛТА банка“ остана без дозвола за работа
-

Три случаи на морбили во Македонија - опасност од ширење на локално ниво
-

Охрид една од најбараните локации за купување станови
-

Собирен центар за текстилен отпад во Штип
-

По 19 пат „Фестивал на костенот“ во М. Брод
-

Само 8% од ромките се вработени, економска зависност и насилство
