Свет
29. May 2022 - 13:42

Зеленски: Украина ќе си земе сѐ назад

Украинскиот претседател Володимир Зеленски вели дека времето за ослободување на Украина е „сѐ поблиску“, како и дека е само прашање на време кога ќе „врати сѐ што Русите освоија“, пренесува „си-ен-ен“.

-Украина ќе си земе сѐ назад. Тоа е императивно. Само прашање на време е. Со секој ден времето до ослободувањето станува сѐ покусо. Сѐ што правиме е токму тоа, рече Зеленски.

Додава дека ситуацијата во источниот мнозински рускојазичен регион Домбас и натаму е тешка, особено во областите на Северодоњецк, Лисичанска, Бакума и Попасна, коишто според проруските сепаратисти, пак, се под контрола на нивните сили поддржани од руските војски.

-На сѐ, што се однесува до снабдувањето со оружјето, со секој ден сме сѐ поблиску до бројна предност на непријателите, тврди украинскиот претседател.

Истакна дека ќе „доминира со технолошка и конвенционална ударна сила“, како и дека многу од тоа зависи од украинските партнери од коишто очекува „добри вести веќе следната седмица“.