Свет
19. November 2024 - 9:09

Зеленски соопшти дека седум луѓе, меѓу кои и едно дете, загинале во руски напад во североисточна Украина

 Најмалку седум лица, меѓу кои и едно дете, се убиени синоќа во руски напад во североисточна Украина, соопшти украинскиот претседател Володимир Зеленски.

Нападот со дрон бил насочен кон регионот Суми, на границата со Русија.

– Ноќеска дрон го погоди Глухов, уништувајќи спална во образовна институција, рече Зеленски.

Тој додаде дека се стравува оти под урнатините има уште жртви.