Зеленски се надева дека динамиката на мирот на Блискиот Исток ќе помогне за завршување на војната во Украина

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изрази надеж дека моментумот што доведе до крајот на војната на Блискиот Исток ќе помогне да се заврши и војната на Русија против Украина.
Зеленски оваа порака ја објави синоќа на мрежата X по слетувањето во Вашингтон, каде што денеска треба да се сретне со американскиот претседател Доналд Трамп.
„Утре е закажана средба со претседателот Трамп и очекуваме дека замавот за сузбивање на теророт и војната што успеа на Блискиот Исток ќе помогне да се стави крај на војната на Русија против Украина. Путин сигурно не е похрабар од Хамас или кој било друг терорист. Јазикот на силата и правдата неизбежно ќе функционира и против Русија“, напиша Зеленски.
Украинскиот претседател додаде дека веќе можат да видат дека Москва брза да го продолжи дијалогот штом ќе чуе за ракетите Томахавк. Зеленски го моли американскиот претседател да ја одобри испораката на овие ракети со долг дострел, а Трамп во последните денови изјави дека размислува да го стори тоа.
Трамп вчера имаше телефонски разговор со Владимир Путин, како што објави Кремљ на нивно барање, и тие се согласија да подготват состанок меѓу двајцата, кој ќе биде организиран во Будимпешта. Датумот на состанокот сè уште не е утврден, но најверојатно е дека високите делегации на двете земји наскоро ќе се состанат за да го подготват.
По телефонскиот разговор меѓу двајцата претседатели дипломатскиот советник на рускиот претседател, Јуриј Ушаков, изјави дека Путин му рекол на Трамп дека испораката на крстосувачките ракети „Томахавк“ ќе му наштети на мировниот процес и ќе ги оштети односите меѓу Русија и САД.
Ракетите „Томахавк“ имаат дострел од 2.500 километри, што би значело дека Москва ќе биде во дострелот на Украина.
Зеленски напиша дека во Вашингтон ќе се сретне со претставници на воени компании кои произведуваат „моќно оружје“ кое, додаде тој, може да ја зајакне заштитата на Украина.
Ново на Сител
-

Во Калишта пронајдена неексплодирана артилериска граната
-

Тешка сообраќајна несреќа на ул.„Борис Трајковски“, едно лице загинато, а три лица се здобиле со тешки повреди
-

Тешко повредени две малолетнички, паднале од електричен тротинет
-

Анкета: Повеќето Германци би поддржале воведување задолжителна воена служба
-

Вучиќ на седница на српската Влада: Решение за НИС мора да има за седум денови
-

Канаѓанка ја тужи ЦИА поради „тајни експерименти“ во болница
-

УХМР најавува нестабилно време, од вторник дожд и силен ветер
-

Сиљановска-Давкова на свечената академија по повод 100 години „Љуботен“: Во предметот Физичко образование да вклучиме и планинарење
