Зеленски: Русија ноќеска ја нападна Украина со 420 дронови и 39 ракети, повредени се десетици лица

Русија ноќеска гаѓаше критична инфраструктура во повеќе региони на Украина со 420 дронови и 39 ракети, вклучувајќи и 11 балистички ракети. Оштетени се многу приватни домови и станбени згради, а десетици лица се повредени, меѓу кои и деца, соопшти украинскиот претседател Володимир Зеленски.
Тој утрово на социјалните мрежи соопшти дека цел биле инсталации на гасната инфраструктура во областа Полтава, како и електрични потстаници во областите Киев и Дњепар.
Зеленски наведе дека итните служби работат во областите Чернихив, Запорожје, Харков, Кировоград, Виниција и Киевската област, како и во главниот град Киев.
- Мнозинството од ракетите се успешно пресретнати благодарение на тоа што нашите партнери брзо испратија дел од ракетите за противвоздушна одбрана договорени на неодамнешниот состанок во Рамштајн – изјави Зеленски, додавајќи дека, за жал, има и погодени места.
Тој укажа дека и понатаму е ладно и дека одбранбените ракети се потребни секој ден додека Русија настојува да го уништи украинскиот енергетски систем.
МИА
Ново на Сител
-

Инспекцијата утврдила повисоки маржи во дел од маркетите, Мицкоски вели дека тоа нема да го толерира
-

Златни денови на Кратово
-

Тема на денот со Татјана Алексиќ, професорка
-

Преглед на вестите од светот
-

Локализиран пожарот на Исарот во Штип
-

Пожари во Пробиштипско
-

Голем пожар кај Пробиштип, евакуирани неколку села
-

Напаѓачите на 14-годишникот во Ченто осомничени за насилство врз дете
