Зеленски: Поединци го блокираат пристапот на Украина кон ЕУ за да добијат место на Црвениот плоштад

Претседателот на Украина, Владимир Зеленски, вчера денес дека одредени личности во Европа го блокираат процесот на европска интеграција на Украина со цел да добијат подобро место на Црвениот плоштад во Москва.
-Ја цениме поддршката од Чешка во нашиот пат кон Европската Унија. Оваа година сме подготвени да го отвориме првиот кластер во процесот на преговори. Жалиме што одредени личности во Европа го блокираат овој процес. Не поради интересите на нашата земја, туку поради подобро место на подиумот на Црвениот плоштад, рече Зеленски на заедничката прес-конференција со чешкиот претседател Петр Павел во Прага, пренесува „Укринформ“.
Тој нагласи дека е важно за сите во Европа да доминираат европските вредности, „а не каприците на поединечните политичари“.
-Европа мора да биде силна за да бидат заштитени интересите на сите, порачал Зеленски.
Тој додал дека не ја исклучува можноста Русија да организира провокации за време на парадата за Денот на победата на 9 мај.
-За жал, ни е јасно кои се тие соседи – Русија, и што се подготвени да направат заради некои радикални политички дивиденди во сопствената земја, пред сè. И ова не се првите ветувања за прекин на огнот од страна на Русија, рече Зеленски и потсети дека дури и за време на Велигден, руските сили извршија повеќе од 100 напади, и покрај јавното ветување за прекин на огнот.
Зеленски претходно изјави дека Украина не може да ја гарантира безбедноста на своите претставници во други земји за време на планираните патувања во Москва за парадата на 9 мај, бидејќи, како што изјави, Москва може да преземе какви било мерки против гостите, а украинската страна не може да биде одговорна за она што се случува во Русија.
Ново на Сител
-

Мицкоски: Има докази зошто Груби е во домашен, наместо во затворски притвор
-

Тема на денот со Христијан Мицкоски
-

Македонија ја има хрватската поддршка за ЕУ
-

Дуел Мицкоски-Филипче на пратенички прашања
-

Гаши не го коментира Груби – партиите меѓусебно се обвинуваат
-

Вајц: Македонија да го искористи позитивниот момент за проширување на ЕУ, итно се потребни уставни измени
-

Најавен со билборди, пречекан со црвен тепих: Посетата на Бегај почна од Чаир
-

Во Кривичен суд пристигнале 476 приговори за „Сејф Сити“
