Зеленски: Одобрив 40-дневна операција за да ја принудиме Русија да ја заврши војната

Претседателот на Украина, Володимир Зеленски синоќа изјави дека одобрил 40-дневна кампања против Русија со цел да ја принуди Москва да ја заврши војната.
– Одобрив 40-дневна операција за да се изврши притисок врз државата агресор да ја заврши војната, објави Зеленски на платформата Телеграм.
Украина со месеци спроведува бранови напади со среден и долг дострел врз цели во Русија или области под руска контрола, главно насочени кон нафтената индустрија.
Зеленски посочи дека одлуката ја донел откако украинските разузнавачки служби дошле до доверливи документи, кои покажуваат дека украинската стратегија на притисок дава резултати.
– Дојдовме до некои интерни руски документи кои даваат вистински увид во тоа што се случува, директно кај самиот окупатор. Руското раководство навистина чувствува огромен притисок поради нашите тактики, истакна Зеленски.
Тој тврди дека во украинските напади биле погодени воени и енергетски објекти во близина на Санкт Петербург, објекти на воената индустрија во Воронеж и Чебоксари, како и објекти за гас и нафта, вклучително и цели во регионот Оренбург, на повеќе од 1.200 километри од фронтот.
Зеленски посочи и дека цел на нападите биле комуникациските центри на руската армија.
Ново на Сител
-

Убиена 48 годишна жена од село Таор, осомничен поранешниот сопруг кој ја пријавил за исчезната
-

Тема на денот со Билјана Кузмановска, национален координатор за трансплантација
-

Спорни тендери во кочански „Водовод“
-

Од живо од скопско Таор: Четворица приведени за убиството на 48 годишна жена
-

Сали: ВРЕДИ ќе раководи со 6 ресори по реконструкцијата
-

Пратениците одлучуваат од кога кај матичен лекар ќе се изјаснуваме за донирање на органите по смртта
-

Топлотен бран ја зафати Македонија
-

СДСМ: Загрозен е вториот пензиски столб, ВМРО-ДПМНЕ: Лагите ги повторуваат како папагали
