Зеленски: На Украина и требаат системи за оружје со долг дострел
Украина има потреба од системи за оружје со долг дострел за да ги заштити своите градови и војници на линијата на фронтот од руски бомби и беспилотни летала, изјави украинскиот претседател Володимир Зеленски по синоќешниот руски напад врз Украина со дронови и проектили.
Според украинскиот претседател, неопходно е да се уништат руските бомбардери на руските воени аеродроми за да се заштити Украина од воздушни напади.
Претходно, украинската армија објави дека Русија во текот на ноќта го извршила петтиот напад со беспилотни летала врз Киев во последните две недели и дека украинските системи за противвоздушна одбрана ги уништиле ракетите пред да стигнат до главниот град.
Украинските воздухопловни и одбранбени сили на каналот Телеграм соопштија дека се уништени 35 од 39 беспилотни летала и две крстосувачки ракети лансирани од Русија.
Ново на Сител
-
Тројца малолетници запалиле пиротехнички средства и го предизвикале пожарот кај Расадник
-
Роналдо: Јас не уривам рекорди, тие ме следат
-
Пандов: Околу 200 затвореници се водат дека се во бегство
-
Кисела Вода субвенционира набавка на пелети и огревно дрво за домаќинствата
-
Пронајдена дрога при претрес во Тетово
-
Трагедија во Скопје: Пронајдено починато 15-годишно момче
-
Нова група Непалци избегаа од работа во Скопје
-
Киднапиран градоначалник во Мексико неколку недели пред преземање на функцијата