Зеленски на средба со европските и лидерите на НАТО во Лондон

Претседателот на Украина, Володимир Зеленски се очекува да пристигне во Лондон, каде ќе има средба со европските лидери и со лидерите на земјите-членки на НАТО.
По драматично прекинатата средба на претседателот на САД, Доналд Трамп и Зеленски во Белата куќа уследи поддршка за шефот на украинската држава од европските лидери.
Британскиот премиер Кир Стармер соопшти дека синоќа телефонски разговарал и со Трамп и Зеленски и најави дека денеска во Лондон ќе се одржи средба.
-Со нетрпение очекувам да им посака добредојде на странските лидери, вклучително и Зеленски на денешниот состанок посветен на Украина во Даунинг стрит 10, наведе Стармер.
Додека портпаролот на британската Влада посочи дека Стармер „ја потврди својата непоколеблива поддршка за Украина и ќе ја одигра својата улога во отворањето на патот за траен мир заснован на суверенитетот и безбедноста на Украина“.
Во меѓувреме Зеленски на Телеграм објави дека е „многу важно“ да се „слушне и да не се заборави“ Украина.
-Луѓето во Украина мора да знаат дека не сме сами, дека нивните интереси се застапени во секоја земја, во секој агол на светот, наведе Зеленски, при тоа заблагодарувајќи се на светските лидери за поддршката.
Ново на Сител
-

Цената на горивата повторно драстично се покачи - Каква е состојбата на бензиските станици?
-

За ангажираните професионалци, 16 март 2025 ќе остане најтежок во нивната кариера
-

Разговор со градоначалникот Грозданов и директорката на болницата во Кочани, Паниќ-Мирчовска
-

Разговор со Томи Димитријев и Марко Димитријев - Support Kocani
-

Разговор со Томчо Стојанов, татко на Андреј кој загина во пожарот во „Пулс“
-

Настап кој заврши како трагедија - Кобната ноќ во Пулс
-

Една година од трагедијата во „Пулс“
-

„Пулс“ во судница: Кој е виновен за трагедијата во Кочани?
