Зеленски му честиташе на Трамп: Верувам во продолжување на американската поддршка за Украина
Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска му ја честиташе победата на изборите на републиканскиот кандидат за претседател на САД, Доналд Трамп и рече дека верува во продолжувањето на силната поддршка на оваа земја за Украина.
„Се радуваме на ерата на силни САД под водство на претседателот Трамп. Веруваме во продолжување на силната, двопартиска поддршка за Украина во САД“, рече тој, пренесува Укринформ.
Зеленски потсети на средбата со Трамп што се одржа во септември, на која детално се разговараше за темите за стратешкото партнерство меѓу Украина и САД, Планот за победа и начините за завршување на војната.
Тој ја истакна важноста на улогата на САД во обезбедувањето долгорочна политичка и економска стабилност.
Според него, Украина, како една од најсилните воени сили во Европа, останува посветена на обезбедување долгорочен мир и безбедност на европскиот континент, како и во Трансатлантската заедница, со поддршка на своите сојузници.
Украинскиот претседател, исто така, нагласи дека очекува можност за лично да му честита на претседателот Трамп и да разговара за начините за зајакнување на стратешкото партнерство меѓу Украина и САД.
Ако победи на изборите, Трамп (78) ќе стане најстариот претседател некогаш избран, а исто така и првиот претседател во последните 132 години кој освоил уште еден мандат во Белата куќа и првиот човек кој е осуден за кривично дело, а, сепак, успеал да влезе во Овалната соба .
Ново на Сител
-
ЕУ со нови санкции за Русија
-
Бунтовниците го укинаа полицискиот час во Дамаск
-
Царинска управа: Запленети накит, девизи, цигари, облека и автоделови
-
Костадиновски: Одлуката за подготвителна седница не е слабост, Судот ќе одлучува за иницијативите за Законот за јазиците најдоцна во мај
-
Сведокот Гоце Трајковски во случајот со убиството на Вања и Панче е осомничен за друго тешко кривично дело и по него се трага
-
Со нож се заканувал на вработен на патарина
-
Акција на грчката полиција за разбивање на турската мафија во Атина и Солун
-
Русија ги повика своите граѓани да се воздржат од патувања во западните земји