Зеленски: Ќе се сретнам со Трамп во Вашингтон в петок

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска изјави дека ќе се сретне со американскиот претседател Доналд Трамп во Вашингтон в петок, каде што се очекува двајцата лидери да разговараат за оружје за Киев во војната против Русија, првенствено ракети „Томахавк“ со долг дострел.
Во изјава за новинарите во Киев, Зеленски рече дека споделил со американскиот претседател „визија“ за тоа колку американски ракети „Томахавк“ ѝ се потребни на Украина во војната против Русија. Тој додаде дека ќе разговара за деталите со Трамп в петок.
Еден од изворите запознаени со планирањето на состанокот рече дека се очекува главните теми да вклучуваат воздушна одбрана, дополнително американско оружје за Киев и потенцијално враќање на Русија на преговарачката маса.
Зеленски лобира во Вашингтон за снабдување со американски ракети „Томахавк“, кои имаат способност да ја погодат Москва, но за кои Украинците велат дека ќе се користат само врз воени цели.
Москва рече дека таков потег би претставувал сериозна ескалација.
Се очекува висока украинска делегација, предводена од премиерката Јулија Свириденко, да пристигне во Вашингтон пред состанокот в петок за да ги постави темелите за разговорите на лидерите, изјави изворот.
МИА
Ново на Сител
-

Со 300 милиони денари Државна лотарија ги спонзорираше настаните за 35 години независна Македонија
-

Тема на денот со Кирил Барбареев, универзитетски професор
-

5,5 милиони евра за 35 години независност
-

Опозициските партии со остри реакции за потрошените пари за прославата
-

ВМРО-ДПМНЕ: Немало комуникација со ДУИ за избори
-

Болните од рак повторно останаа без дел од терапијата - надлежните уверуваат дека лекот ќе го има утре
-

Шестмина хоспитализирани со западно-нилска треска на Инфективна, двајца во тешка состојба
-

Дејан Јованов излегува од притвор на 3 октомври, судот ќе му определи мерки на претпазливост
