Зеленски: Ќе ја завршиме војната во 2025 година
Украинскиот претседател Володимир Зеленски во своето новогодишно обраќање до нацијата рече дека неговата земја „ќе стори се“ за да ја заврши војната со Русија во 2025 година.
Нека 2025 биде наша година. Година на Украина. Знаеме дека мирот нема да ни биде даден за подарок, но ќе направиме се за да ја запреме Русија и да ставиме крај на војната, рече тој во својот говор објавен на социјалните мрежи.
Зеленски додаде дека Украина треба да се бори во 2025 година на „бојното поле“, но и на „преговарачка маса“ за да се стави крај на речиси тригодишната руска инвазија.
Секој ден во наредната година ќе треба да се бориме за Украина која е доволно силна, бидејќи само таква Украина ќе биде почитувана и слушана, рече Зеленски и додаде дека „не се сомнева оти новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп има волја и е способен да постигне мир, како и да и стави крај на агресијата на Путин“.
Ново на Сител
-
Приведено лице од тетовско за издржување затворска казна
-
Илјадници без струја и вода во Ирска поради екстремни временски услови
-
Пронајдени мигранти, приведени двајца криумчари
-
Хамас подготвен за ослободување заложници како дел од договор
-
Златен глобус 2025: Доминација на „Бруталист“ „Емилија Перез“ и „Шогун“
-
Лепче со паричка на Бадник или на Василица?
-
Почувствуван земјотрес во Скопје и околината
-
Православните христијани го слават Бадник