Зеленски: Избегната е нуклеарна катастрофа во нуклеарната централа Запорожје
Светот за малку избегна нуклеарна катастрофа поради руското гранатирање на областа околу нуклеарната централа Запорожје, изјави украинскиот претседател Зеленски. Вели дека присебноста на персоналот во електраната бил пресуден за да ескалира ситуацијата.
„Доколку персоналот на нашата електрана не реагираше по прекинот на електричната енергија, веќе ќе бевме принудени да се бориме со последиците од радијациската несреќа. Русија ги доведе Украина и сите Европејци во ситуација на чекор од нуклеарна катастрофа. “, изјави Зеленски.
Државната нуклеарна компанија Енергоатом информираше дека сите 6 реактори сеуште се исклучени од украинската електрична мрежа.
Од руска страна пак обвинуваат дека Украинците се главни виновници за пожарите во близина на Централата.
Исклучувањето на нуклеарната централа Запорожје од мрежата е резултат на провокации на борците на Зеленски. Самото исклучување е предизвикано од пожар и краток спој на далноводите, напиша Владимир Рогов, проруски функционер во градот Енергодар.
Во меѓувреме Руските сили ја обновија својата офанзива на истокот од Украина, а главните борби се водат во Доњецкиот регион. Паралелно со ова, Рускиот претседател Владимир Путин потпиша указ за зголемување на бројот на вооружените сили на земјата за дополнителни 137.000.
-

Бранислав Јаневски
Сите содржини од овој новинар
